Македонија
    |         |         |    
Summer memories

Како подолго да ги задржиш летните вибрации и да не дозволиш да те фати нерасположението по одморот?

По летниот одмор се враќаш дома одморена, исончана и полна со нови идеи, но твојот прв понеделник на работа го намалува твојот ентузијазам ...Секојдневието е с è помалку возбудливо за разлика од летниот одмор, и за жал, нема што да направиш околу тоа. Но, с è уште не се разочарувај! Ние ќе ти споделиме некои идеи за тоа како да ги одржиш летните вибрации и летото подолго!

Летниот одмор е време за полнење на твоите батерии. Тоа не е само каприц, или непотребен луксуз, туку апсолутна неопходност. Ако не се одмориме, стануваме непродуктивни, иритирани и сè помалку ефикасни на работа и во општествените односи, а нашите тела не соработуваат со нас. Постојаниот стрес и исцрпеност се сериозни фактори кои носат ризик за многу опасни болести!

Summer memories

Не е важно каде ќе се одмориш, важно е тоа да претставува прекин од секојдневната рутина, пауза за одмор и исполнување на твоите најдлабоки потреби.

Дали твоите летни одмори изгледале така? Во тој случај, ќе те посоветуваме како да го одржиш летното расположение подолго!

Кожа по летото - како да го задржиш бронзениот сјај во текот на есента?

Ја сакаме нашата кожа по летните одмори. Дури и да не сме се излежувале на лежалка по цел ден, нашето лице и раце секако биле изложени на сончеви зраци. Доволно е да одиме на крајбрежјето, или да појадуваме на тераса огреана од сонце, за нашиот тен да го добие оној посебен сјај кој е невозможно да се добие со ниту една шминка. Благо потемнетиот тен ни дава посебен шарм и во споредба со бледиот и студен тен, не само што изгледа попривлечно, туку и поздраво.

Summer memories 1

Како да го задржиш тој изглед подолго?

Соодветната нега може да ти помогне. Прво, на кожата и е потребна хидратација по летото. Сонцето, морската вода и ветерот можеби го подобруваат нашето расположение, но всушност не се толку корисни за нашата кожа.

Ако во текот на твојот одмор не си имала време за редовно користење на лосион за тело, не одложувај повеќе! Секојдневната хидратација може да ѝ помогне на кожата да се регенерира и да го одржи летниот изглед. Не гледај на ритуалите за нега како на непријатна обврска, туку како задоволство.

Ако одбереш Avon Care крем, мирисот на кокос и какао путер веднаш ќе те пренесат на некоја тропска плажа. Длабински хидрирачките и негувачките состојки ги има и во геловите за туширање и кремите за раце од истите линии на производи. По бањањето можеш да користиш потхранувачко масло за нега со златни честички што ја осветлуваат твојата кожа и ја прават свиленикаво мазна

Наш совет:

По летото, добра идеја е да се погрижиш за твоите стапала, особено кога твоите пети изгледаат суво и испукано. Исто така, препорачливо е да ги провериш сите нови дамки на твојата кожа и во случај на нешто невообичаено, задолжително консултирај се со твојот лекар!

Summer memories 2

Нова сезонска мода – веднаш го подобрува твоето расоложение!

Дали помислата дека ќе мораш да се откажеш од твоите летни цветни фустани те прави тажна? Точно е дека не може да ги запреме есента и зимата, но можеме соодветно да се подготвиме и да го подобриме расположението со нова облека и модни додатоци.

Кога ќе се вратиш назад на работа, биди подготвена со нови фустани и чанти за да го разиграш твоето секојдневие со нови впечатливи комбинации.

Што треба да имаш за оваа сезона? Ние советуваме класичен деловен гламур, но и удобност, исто така. Дали во твојот гардеробер сè уште недостасува безвременскиот мал црн фустан, кој е совршен за интервју за работа, за деловен состанок, или секогаш кога е клучно да ја потенцираш твојата професионалност? Осигурај се да го имаш оваа сезона. Класичните џинс-хеланки се исто така добра идеја, и истите можат да се носат во комбинација со високи потпетици или пак со удобни балетанки.

Не заборавај на модните додатоци: овие детали го прават твојот изглед извонреден и можат радикално да го променат карактерот на твојот изглед.

Оваа сезона исто така треба да имаш што повеќе накит, кој ќе те потсетува на летото. Можеш да го комбинираш со неутрални фустани, но исто така и со фармерки. Дали размислуваш што да одбереш? Носи алки со приврзоци или обетки кои ја нагласуваат бојата на твоите очи и кои ќе те потсетат на синото море во текот на есенското сивило.

Летно расположение подолго – ние знаеме како да го постигнеш тоа!

По одморите главно ни недостига слободното време, енергијата и наоѓањето простор за мали задоволства. Повеќето од нас се враќаат на работните и семејните обврски, а фокусирањето на секојдневната рутина нè враќа назад во колосекот од кој толку многу сакаме за да ја побегнеме, неретко засекогаш.

 Сепак, одморите се совршено време за длабоко да се размислат одредени работи и да се воведат потребните промени. Малку е веројатно дека ќе оставиме сè и ќе одиме во дивината, но можеме да поработиме на нашиот став, расположение и да внесеме одредени промени кои ќе го подобрат севкупниот квалитет на нашиот живот и начинот на кој го гледаме истиот.

Summer memories 3

Што можеме да направиме?

  • Да го цениш она што го имаш, и местото каде си

    Секојдневно доживуваш многу пријатни случувања, вредни за да ги забележиш. Вкусно кафе, парфем што мириса на лето или омилениот кармин што го подобрува твоето расположение: сите овие се мали детали, но кога ќе се соберат, можат позитивно да влијаат на твоето расположение.
  • Грижи се за твојата физичка состојба

    Под ова, подразбираме психолошка и физичка кондиција. Здравиот ум живее во здраво тело, па затоа е паметно да се грижиш за твоето тело по летниот одмор. За време на одморот секојдневно пешачеше, пливаше, вежбаше јога. Најди најмалку половина час дневно за лесни вежби или оди на прошетка! Потребно е навистина многу малку време, но промената е огромна. Важно е да ја задржиш добрата форма на телото во текот на целата година!
  • Искористи го летното изобилие: јад и многу овошје и зеленчук

    На крајот на летото и почетокот на есента пазарите се полни со овошје и зеленчук, па искористи ги максимално! Здравата исхрана богата со витамини и антиоксиданти значи поздрава кожа, подобро расположение и одлични резерви на енергија за зимата, кога свежите производи не се достапни.
  • Планирај ги следните одмори!

    Ова не само што ќе го подобри твоето расположение, туку исто така ќе ти даде нешто на кое ќе размислуваш и ќе го очекуваш.

И ако летните одмори завршија, никој неможе да ги заборави летните сеќавања, насмевките и квалитетно поминатото време!