Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Чистење - прв чекор кон убава кожа!

Се вели дека кралицата Клеопатра се капела во млеко, а чистењето на кожата со масла е метод кој е многу постар отколку што можеме да замислиме. Во античките времиња, жените го користеле секој достапен производ за чистење на кожата. Денес можеме да го искористиме нивното знаење и изобилството на природни состојки - спакувани во мала кутија.

Природно и брзо

Дали знаеш дека неправилното чистење на кожата доведува до нејзино забрзано стареење? Контаминираната средина, смогот, како и шминката, ја оптоваруваат кожата, особено кога не ги отстрануваме ноќе за да и дозволиме на кожата да се одмори.

Многу жени се жалат на потешкотии со чистење на кожата и со целосно отстранување на шминката. Вистината е дека колку е потрајна козметиката, толку е потешко да се отстрани од кожата.

Ако не сакаш континуирано триење на кожата и постојано проверување дали маскарата е конечно отстранета, ако си уморна од иритација на очите и не сакаш мулти-фазна процедура за чистење на кожата што бара многу производи, имаме решение за тебе!

Користи балсам за миење лице, кој за неколку моменти ќе ја заврши работата и ќе ја направи твојата кожа совршено чиста!

Како функционира?

Втриј го балсамот во дланките додека не се претвори во масло, нанеси го маслото на лице и вмасирај за да се разложат шминката и нечистотиите, додај вода за маслото да се претвори во лосион и исплакни го со млака вода.

Балсамот ја разложува шминката, длабински чисти од нечистотии и ја зајакнува хидратантната бариера на кожата. Производот е офталмолошки тестиран и може да се користи за остранување на шминка од очи.

Состојките исто така се феноменални! Балсамот содржи какао путер, шеа путер и природно богатство од Амазон: путер Murumuru.

Уште поефективно чистење? Само со муслин крпа!

Доколку досега ги отстрануваше маската, глината или пилингот со твојата рака, муслин крпата ќе ти биде откровение. Благодарение на нејзината специфична структура може да се користи за отстранување на шминка, чистење на масло или отстранување на остатоци од други производи, и претставува едно од најдобрите решенија за постигнување на свилена кожа.

Користи ја во комбинација со балсамот и ќе бидеш пресреќна со резултатите!