Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Победи го целулитот!

Целулитот, исто така познат како синдром на корален портокал, е непријатност со која се соочуваат многу жени. Некои учат како да живеат со него, други искрено го мразат. Како ефикасно да се избориш против целулитот?

Целулитот е фер: ги афектира сите жени, а оние кои никогаш не страдале од овој проблем може да се сметаат себеси меѓу малкуте среќници. Обично се појавува на бутовите, задникот, понекогаш и на горниот дел на рацете. Оваа појава се однесува на речиси 90% од жените, и се смета како резултат на нерамнотежа во хормоналниот систем и метаболните проблеми што доведуваат до промени во поткожното масно ткиво.

Во зима целулитиот го расипува расположението во спалната соба и во базенот, но кога станува потопло и треба повеќе да го покажеш своето тело, невозможно е да се игнорира повеќе. Како ефикасно да се избориш со него?

Вежби за целулит

Експертите се согласуваат дека физичката активност е клучна кога станува збор за борбата против целулитот. Ако си навикната на пасивно слободно време, најчесто седиш на работа и дома, а вечерта ја поминуваш гледајќи ја омилената серија, борбата против целулитот ќе биде тешка битка.

Добрата вест е дека не мораш да правиш комплицирани вежби или да поминуваш долго време во теретана

Аеробната активност е најефективна. Тоа може да биде марширање, трчање, возење ролери, пливање, возење велосипед или било какви аеробни вежби со тренер или во домот. Важно е да вежбаш најмалку 30 минути и да го повторуваш тренингот редовно, по можност 3 пати неделно.

Аеробните тренинзи поддржуваат горење на масниот слој и ја стимулираат циркулацијата на крвта. Ова овозможува отстранување на токсините и го активира лимфниот систем. Поради тоа, токсините не се собираат во масен слој, а лимфните депозити одговорни за создавање на нерамна кожа се избегнуваат.

Антицелулитна козметика - што да одбереш?

Салоните за убавина и ординациите за естетска медицина го следат трендот на комбинирање на криотерапијата (медицинска терапија со ниска температура) и мезотерапија. Можеш да ги пробаш, но има многу поефтини и поедноставни решенија од тоа!

Разладувачкиот антицелулитен гел Avon Cooling Active ја намалува видливоста на дури и напредниот целулит; ја измазнува и ја затегнува кожата, со што значително ја подобрува состојбата. Решението за жени кои не се заинтересирани за нискотемпературни третмани може да биде 5Д антицелулитниот лосион инспириран од мезотерапијата или лосионот против стрии инспириран од ласерските процедури. Двата производи се многу ефикасни, особено ако се комбинираат со вежби, масажа и соодветна исхрана.

Антицелулитна масажа

Препорачливо е да се комбинира употребата на козметиката со масажа. Масажата ја подобрува микроциркулацијата, го разложува адипозниот слој, ја елиминира и затегнува кожата, ги отстранува токсините од организмот. За видливи резултати, неопходно е да се повтори третманот во серија од најмалку 10 масажи на секои неколку дена.

Алтернативата на третмани за салони за убавина е да ја направиш масажата сама, на пример со помош на масажер за тело на батерии инспириран од рачна лимфна дренажа дизајнирана токму за таа намена. Уредот е многу едноставен за употреба, а неговата редовна и систематска примена обезбедува многу забележливи резултати.

Целулитна диета - провери го ова!

Антицелулитна исхрана вклучува пред се соодветна хидратација на телото што овозможува отстранување на токсините. Освен вода, добро е да пиеш зелен чај. Тој содржи полифеноли кои играат важна улога во диетата против целулитот. Со храната правилото е едноставно: минимизирај ја преработената храна и солта. Многу се корисни влканата, особено оние што доаѓаат од овошјето и зеленчукот.

Производите советувани во антицелулитна исхрана вклучуваат: риба, сок од зеленчук, броколи, житарици, аспарагус и банани. Добро е да се користи куркума: подготви си некое индиско јадење еднаш неделно.

Запомни!

Најважните фактори во борбата против целулитот се доследност, трпеливост и користење на сеопфатни решенија. Вреди да ги следиш опишаните совети не само пред пролет и лето, туку и во текот на целата година.

Со или без целулит, прифаќањето на себе е најважно од се!