Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Специјални некозметички производи за нега на твојата кожа

Добро познат факт е дека само користењето на козметика не е доволно кога станува збор за нега на кожата. Стилот на живеење, исхраната и третманите за кожа имаат свое влијание! Некозметичките производи за нега на кожа се важен фактор на кој вреди да се посвети внимание!

Масажа, завиткување во нежна ткаенина или топла крпа се познати третмани стотици години. Корејските и јапонските жени, добро познати по кожата со вечната младост, поминуваат многу време низ такви ритуали, кои се сметаат за причина за ефикасноста на подоцна нанесената козметика.

На што треба да обрнеш внимание? 

Сунѓери и четки за отстранување на шминка

Козметолозите нагласуваат: правилното чистење на кожата е од фундаментално значење. Без него, не може да се зборува за правилна нега на кожата. Ритуалот за отстранување на контаминација на кожата и шминка е процес кој треба да се направи прецизно, внимателно, и пред сè - редовно.

Како да го направиш тоа поефикасно? Користи природни четки за лице или специјални сунѓери кои ќе ти помогнат да го вратиш балансот на кожата.

Нашиот совет: Ако имаш мрсна или мешана кожа, чисти ја кожата со сунѓер од конјак. Тој е направен од азиско растение која содржи многу хранливи состојки, витамини и микроелементи. Ефикасно ја чисти кожата со отстранување на мртвите клетки од кожата без да предизвика иритации. Сунѓерот нежно ја масира кожата и ја подобрува нејзината микроциркулација. Дополнително кожата можеш да ја исчистиш со сунѓер збогатен со јаглен. Јагленот ја матира блескавата кожа, а исто така ја ексфолира. Тој е, исто така, потентен антибактериски и антифунгален додаток. Сунѓерот дефинитивно ја подобрува ефикасноста на производите за чистење на кожата. За длабинско чистење на твојата кожа до перфектност, ти препорачуваме користење на стапче за остранување црнки и мозолчиња.

Масажери

Масажерите предизвикуваат соодветна стимулација на кожата, а во исто време релаксираат. Масажерите се лесни за користење и не бараат посебни вештини.

Истражувањата докажаа дека масажата ја зголемува микроциркулацијата во кожата и помага во задржување на нејзината еластичност. Кожата негувана на овој начин ќе остане млада и свежа уште многу долго време. Нашата препорака за соодветна масажа е масирачки ролер за лице и масажер за тело со метални топчиња.

За крај

Кожата која е соодветно исчистена и подложена на микро-стимулација е подготвена за други третмани за убавина. Таквата подготовка обезбедува подобра апсорпција на активните состојки на козметиката, што им овозможува да навлезат во длабоките слоеви на епидермисот и овозможува нејзина навистина ефикасна регенерација.