Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Како да избереш парфем за подарок?

Жените сакаат парфеми, а парфимеристите сакаат жени! Парфемите се прекрасна идеа за подарок но може да наидеш на проблеми при изборот. Како да одбереш парфем и да го задоволиш вкусот на твојата пријателка или на твојот сакан?

За разлика од боите или модните трендови, мирисите се или безусловно сакани или тешко подносливи. Додека парче накит или книга може да нè задоволи многу или малку парфемиот се користи или до последната капка, или ќе биде заборавен на дното на гардеробата. 

Сепак, мирисите имаат голема моќ и поттикнуваат длабоки емоции. Поради оваа причина, ако бараш софистициран подарок, не се обесхрабрувај и вложи труд во одбирањето на вистинскиот парфем.

Како да го направиш ова? 

Запознај ги преференците на личноста!

Ако ја познаваш личноста за која го купуваш парфемот веќе подолго време, сигурно знаеш многу за неа! Она што се смета не е само склоноста кон специфични мириси, туку и главните особини, карактерот и начинот на живот на личноста. 

Ако таа е млада девојка која обожава фитнес и носи главно патики и памучна облека, подобро е да не избереш тежок, сензуален парфем кој совршено би се совпаднал со вечерен фустан.

Ова функционира и во спротивната насока: дами кои претпочитаат класични теми, најдобар квалитет и безвременски гламур, најверојатно нема да уживаат во некој енергетски мирис со екстравагантни ноти и спортски карактер.

Ова е основното правило кое функционира во најголем број случаи!

Разгледај ги шишињата со парфеми

Ако сакаш да бидеш сигурна дека твојот подарок ќе биде одличен избор, разгледај ја козметиката на личноста и обрни посебно внимание на парфемите и шишиња што веќе ги поседува. Ова е многу важно бидејќи лесно ќе ги воочиш преференциите за парфеми.

Парфимеристите следат одредени критериуми кога ги вклопуваат шишињата за парфем со содржината, и затоа темните шишиња обично содржат интензивни, темни мириси со тешки ноти (темјанушки, црни, темно-зелени и пурпурни). Светлите шишиња, особено транспарентните, подразбираат свежи и лесни ноти, додека пастелните розови или портокаловите нијанси најчесто се однесуваат на слатки мириси со јасно истакнати цветни ноти.

Ако знаеш каков вид на парфеми или миризлива козметика преовладува помеѓу козметиката на личноста, имаш големи шанси да направиш добро избор!

Размислувај практично!

Парфемите, исто како и облеката, се користат за одредени прилики и во зависност од времето од денот или сезоната: исто како што носењето на пантолони или фустан не е секогаш идеален избор за секоја прилика.

Ако одбираш парфем за саканиот или пријателка, размисли за приликите за кои може да го користат. Дали парфемот ќе биде премногу тежок и интензивен за на работа? Дали ќе се совпадне само со прилики како на пример вечерен состанок?

При изборот на парфем, добро е да се разгледа она што и недостига на личноста. Мирисите влијаат на нашата благосостојба: тие можат да ја зголемат нашата суптилност, храброст, сензуалност или да ја зајакнат нашата виталност.

Запомни, "Животот е колекција на моменти" - има многу моменти за паметење, а ќе се паметат уште подолго со добар мирис кој ги поврзува со истите.

Размислi каква порака би сакала да пренесеш со парфемот што сакаш да го подариш, а потоа ... пронајди го вистинскиот!

НАШИОТ СОВЕТ: Разгледај ја нашата колекција на мириси Eve. Alluring, Confidence, and Elegance (наскоро) се 3 мириси кои со сигурност ќе се совпаднат со вкусот на многу жени. Помирисај и пробај – успехот е загарантиран!