Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Eve Discovery: Нова специјална колекција мириси од AVON

Секоја од нас жените, е различна. Играме различни улоги во нашите животи, бидејќи разновидноста е суштината на женската природа.

Сакаме да ја изразиме нашата женственост, и тоа го правиме на многу начини: преку нашите постапки, мислења, начин на живот. Мирисот е само една од можностите: невидливо, тајно, но моќно оружје за да ја изразиме нашата личност. Суштината да се биде жена ја инспирирала зачудувачката колекција на мириси EVE Discovery, создадена за да ја манифестира врвната женственост дефинирана како примамлива, уверена и елегантна.

EVE колекцијата нуди избор на совршено комбинирани мириси создадени од најдобрите светски парфимеристи. Овој бренд признава дека жените се сложени со различни карактери, па им дава можност да го изразат она што навистина го имаат, со мирис кој совршено се совпаѓа со нивната личност или желба.

Ниту една жена не е само едно-димензионална, а и нејзиниот мирис не треба да биде.

Заедничката нишка помеѓу 3-те EVE Discovery мириси е ексклузивната структура, која ја доловува вистинската суштина на жените кои смело ја пишуваат приказната за нивните животи.

Таа содржи елегантен спој на црвено овошје и раскошни цветни овошки за да се открие женската енергија, сила и индивидуалност.

Кое лице сакаш да го покажеш?

EVE ALLURING - за сензуална жена која е заводлива и крие една интригантна тајна.

Категорија на мириси: ориентално-цветно-дрвенеста

Заведи со твојата убавина и мирис на смирувачки магнетизирачки Нероли, зачинет со розова слива и сјајно сандалово дрво.

EVE CONFIDENCE - за силна и инспиративна жена која знае што сака и како да го постигне тоа.

Категорија на мириси: ориенталнo-ванилeсто-дрвенеста

Изложи ја твојата смелост со светол мирис на оптимистичка плумерија, освежувачка црна рибизла и дабово дрво.

EVE ELEGANCE - за софистицирана жена, исполнета со радост и природен благодет.

Категорија на мириси: цветно-овошен-мошус

Означи го твојот шарм и стани незаборавна со допир на јасмин, калинка и килибарно дрво. 

Добиј инспирација за усовршување на вистинското јас!