Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Зимска шминка - што ти е потребно?

Надвор има снег, мраз или само ниски температури, што го отежнува напуштањето на затворениот простор. Но тоа не значи дека треба да останеш дома цела зима! Облечи нешто топло, грижи се за твојата кожа, и освој го светот! Се прашуваш како да се нашминаш за зимски временски услови?

Шминката, исто како и облеката, бара следење на одредени сезонски правила кои вреди да се набљудуваат. Ако се прилагодиш на нив, твојата кожа ќе реагира подобро на суровите временски услови, ќе изгледаш поубаво, а шминката ќе остане подолго на твоето лице.

Што треба да знаеш?

   1. Негата е на прво место!

Како база за шминкање, наместо длабински хидрирачки крем кои ја врзува водата во епидермисот, одбери лесен негувачки крем. Ако твојата кожа е многу сува и апсолутно мора да користиш хидратантен крем, резервирај 15-30 минути помеѓу нанесувањето крем и шминка. Ова ќе ја спречи водата од шминката да се раздвои, а кремот подобро ќе се апсорбира.

Освен кремот, препорачливо е да се користат маски, пилинг и деликатни средства за миење, за да се помогне при негување на кожата од ниски температури и сув воздух во загреани простории.

Нашиот совет: Ако немаш омилен зимски крем, користи го Nutra Effects Miracle Glow со 5 скапоцени масла. Ја храни кожата, идеално апсорбира и не остава мрсен слој!

   2. Зимска козметика

Во зима кожата изгледа полошо отколку во текот на пролетта и летото, а дополнително е повеќе склона кон иритација и уништување. Само малку снег, дожд, или интензивен ветар може да ја размачкаат твојата маскара или сенки за очи.

Течната пудра и пудрата во прав се исто така чувствителни производи. За да го продолжиш животниот век на твојата шминка вреди да се инвестира во водоотпорна козметика и да се носи шминка со слој на основа под пудрата и сенката за очи.

Нашиот совет: Пробај Аvon Mark ултра-издржливи крем-гел сенки за очи и водоотпорна маскара Supershock MaX. Не заборавај ја шминката на усните - покрај бојата, потребна им е нега! Испуканите усни никогаш не се секси!

   3. Комбинирај!

Дури и ако твојата шминка содржи долготрајни производи, таа ќе бара некои прилагодувања по долга прошетка или часови поминати во загреана просторија. Ако не можеш да си дозволиш неуспех и ако совршениот изглед е приоритет за тебе, користи Mаrk спреј за фиксирање на шминка.

Нашиот совет: Дури и ако не користиш шминка секој ден и преферираш природен изглед, зимата е време да се применат некои CC креми. Ја заштитуваат кожата и обезбедуваат совршена исхрана. Истото важи и занегување на усните. Карминот може да биде и во неутрална нијанса!