Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Кармин - најженствениот производ на сите времиња

Карминот е неопходна опрема во (речиси) секоја женска чанта. Има долга и фасцинантна историја. Во минатото бил посочен како артефакт на вештерки, па дури имало и законски акти што ја забранувале неговата употреба. Зошто толку многу контроверзии околу овој производ и како ситуацијата изгледа денес?

Официјално карминот бил измислен кон крајот на 19-от век, но приказната за производот што ја менува бојата на усните е многу постара од скромни 130 години. Најинтересниот производ во историјата на козметиката лесно може да стане предмет на огромна докторска дисертација, и несомнено некаде во светот, таквата теза е веќе напишана. Пред карминот да стане пожелен објект признаен од страна на жените во светот, поминал низ многу различни патешествија. Како започнало сето тоа?

Од Клеопатра до современост - долга приказна за карминот 

На 1-ви мај 1883 парфимериите од Париз, познати по поставувањето трендови во светот на убавината, презентирале нов вид „пигмент за усни“ на светскиот козметички саем во Амстердам. Производот бил опишан како „ Stylo d’Amour “ – „љубовен молив“. Содржел обоено стапче завиткано во хартија. Карминот, како што го знаеме, спакуван во лесно стапче кој овозможува лесна апликација е пронајдок доделен на компанијата Guerlain. Карминот преживеал во оваа форма до денес, иако мораме да признаеме дека има многу повеќе форми и нијанси!

Овие официјални почетоци воопшто не биле вистинските почетоци на карминот. Кармини, или пигменти кои се користат за усните, биле користени уште во античка Грција и Египет. На пример, Клеопатра била позната по својата тенденција кон црвени бои. Потребни биле многу разни состојки за да се добијат саканите пигменти.

Во 1770 година, британскиот парламент усвоил закон со кој се дозволувало донесување на обвинување за вештерство против жените кои користеле кармин. Кралицата Викторија, која владеела во 19-от век, ги класифицирала кармините во категоријата „непријатна играчка“ на жените во подземјето. 

Карминот го обновил своето добро име благодарение на еманципацијата и ... киното. Многу ѕвезди го носеле и на тој начин влијаеле на поп-културата па шарениот молив за усни станал дел од неа.

Avon кармин

Историјата на кармините на Аvon се состои од повеќе од 100 години развој и многу милиони продадени производи. Во текот на 1910-тите и 1920-тите години, Аvon го продавал својот прв кармин, кој наликувал повеќе на метална запалка отколку на козметика. Производот се појавил само во две нијанси: светла и темна. Во 1930-тите веќе биле понудени 5 нијанси, а клиентите можеле да пробаат примероци за да ја најдат совршената боја за нив. Карминот добил гламурозна завитка, а некои производи дури имале мало вградено огледало!

Првиот кармин на Avon во 1910 год.

Во 1940-тите и 50-тите ѕвездите на сребрениот екран ја популаризирале добро дефинирана линија на усните и длабоките црвени нијанси. Карминот станал постојана карактеристика на еманципација и симбол на сетилна, добро нагласена женственост.

Во текот на 1950-тите години, Аvon вовел автоматизирано склопување кое овозможило производство на 300 000 кармини дневно! Се прашуваш дали имало побарувачка? Ќе бидеш изненадена кога ќе дознаеш дека според истражувањето колку е полоша кризата, толку е подобра продажбата на кармини. Дури и кога не можеме да си дозволиме голема куповна моќ, сакаме нешто со што може да го подобриме нашето расположение. Карминот е совршен производ за тоа.

 

Вработени во Avon во фабриката за кармини, 1950 год.

Со тек на време кармините добиле подобар изглед, квалитетни состојки и палета на бои. Денес не само што избираме помеѓу многу нијанси на црвено, исто така можеме да одбереме кармин за секој изглед и расположение. Виолетова, беж, амарант, роза, па дури и темно-сини нијанси - секој може да најде нешто за себе!

Нови пакувања на Avon кармини, 1970 год.

Модерен кармин

Најновиот Avon кармин е ултра-пигментираниот производ Epic Lip, кој покрај силниот боен пигмент содржи посебна основа за да се обезбеди долготрајност.

Можеш да избереш од повеќе од десетина нијанси кои можат да се совпаднат со различнаоблека, расположенија и прилики.

Денес, карминот не обезбедува само пигмент на усните туку и нивна заштита.

За среќа, сега можеш слободно да избереш. Нема ограничувања на твоите преференции за кармин и уживање во твојата женственост.

А ти, каква боја носиш денес?