Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Мејк ап совети за дами со очила

Дали носиш очила и немаш идеја како да се нашминкаш? Или можеби мислиш дека шминката не е видлива поради очилата, па нема потреба ни да се потрудиш? Имаме некои совети и предлози за тебе!

Шминката е од суштинско значење за дамите кои носат очила: добрата шминка ја нагласува природната убавина на окото, која во комбинација со очилата може само да направи да изгледаш поатрактивно.

Шминката за оние кои имаат проблем со миопија (кратковидност) се разликува од шминката на оние кои имаат проблем со хиперметропија (далековидност).

Што треба да знаеш?

Шминка за дамите кои носат очила: за кратковидност

Очилата кои се користат за кратковидност видливо ја намалуваат големината на очите. Ова значи дека шминката ќе биде помалку видлива, и ако одлучиш да го нагласиш окото или да направиш задимен ефект на окото, оптички ќе ја намалиш неговата големина уште повеќе. Освен ако твоите очи не се многу големи, не треба да ризикуваш. Kога твоите очила очигледно ја намалуваат големината на очите, обиди се со следниве трикови:

- Нанеси суптилен задимен ефект на окото, но избегни јаки контрастни бои; избери ги најлесните и средните нијанси од палетата

- Нанеси коректор и осветлувач под очите

- Нагласи го внатрешниот агол на очите и истакни ги веѓите

- Нанеси сенка на кожата веднаш под веѓите - ова е совршен трик за зголемување на очите

- Користи маскара која темелно ги покрива трепките

НАШ СОВЕТ: Можеш да ја прошириш твојата шминка со кармин. Потруди се карминот да се совпаѓа со бојата на рамките на твоите очила, така што ќе нема визуелен раздор.

Шминка за дамите кои носат очила: за далековидност

Очилата кои се користат за далековидност видливо ги нагласуваат очите и прават да изгледаат поголеми, но тие исто така можат да ги артикулираат сите несовршености на твојата шминка. Ако не си најдобра во цртање на линиите и моливчето за очи не ти е најдобар пријател, подобро е да не ризикуваш воопшто, да не ги замачкаш исцртаните линии што ќе привлечат внимание.

Што уште треба да знаеш?

- Силно нагласената шминка за очи во комбинација со вакви очила може да произведе комично претеран ефект: очите ќе изгледаат преголеми во размер со лицето

- За да добиеш поприроден или елегантен изглед, користи темен молив: нанеси го на горниот очен капак на внатрешната и надворешната страна (над трепките)

- Ако сакаш суптилна шминка, користи сиво или златно моливче

- Внимателно нанеси маскара на твоите трепки; ако не сакаш многу нагласен ефект, не користи маскара за волумен

Шминка за дамите кои носат очила: општи совети

Шминката зад очилата може да избледи, особено во деловите кои директно ги допираат рамките. Таквите појави се природни, и сигурно веќе ти се случиле овие појави текот на денот. Ако бараш беспрекорен изглед, нанеси течна пудра но и пудра во прав, особено на местата каде што очилата ја допираат кожата.

Доколку носиш очила паметно е да се спријателиш со коректорот. Ако не нанесуваш софистицирана шминка секој ден, многу е препорачливо да ги скриеш проблематичните области со коректор кои очилата би ги нагласиле.

Рамките за очила го привлекуваат вниманието во делот околу веѓите, па биди сигурна дека твоите се уредно обликувани и нагласени!