Македонија
    |         |         |    
BSP_carnival_tutorials

Кокосово масло – заштитна нега за твоето тело оваа зима!

Кокосовото масло е познато не само како кулинарна состојка, туку и како важна компонента во козметиката. Го сакаме неговиот прекрасен мирис, хидрирачки квалитет и природни хранливи материи кои лесно се апсорбираат од кожата. Зошто производите со кокосово масло се совршени зимски козметички производи?

Екстремните временски услови како топлина, мраз или сув воздух, се фактори кои значително влијаат на состојбата на нашата кожа. Вообичаено е многу полошо во зима, кога кожата е изложена на прениски температури и ветер, а од друга страна, поминуваме многу време во централно загреани простори, каде што воздухот е многу сув.

Кожата во такви услови дехидрира, ја губи својата виталност, станува груба, и во екстремни случаи дури и може да испука.

Како да се спречи ова?

Маслото е решение за сите проблеми!

Азиските жени и жителите на потоплите региони, каде што кокосните палми се типичен елемент на пределот, со векови го познаваат кокосовото масло. Се употребува во кујната, но исто така и како козметика за нега на лице и тело. Жените во Индија го применуваат на косата, лицето и како крем за раце. Комбинирано со други состојки, може да послужи како пилинг, маска за лице или балсам за нокти.

Зошто кокосовото масло е толку разновиден производ? Најчесто тоа функционира поради неверојатни особини на самиот кокос. Тоа содржи витамини како Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е, како и фолна киселина, калиум, калциум, магнезиум, железо, фосфор и цинк.

Популарноста на овој производ се зголемува со забрзано темпо, па затоа стана многу корисна компонента во многу козметички производи. Таквите производи се дури и подобри од чистото масло, бидејќи тие спојуваат квалитети на многу супстанци, издржуваат повеќе време и не оставаат мрсен слој, кој фрустрира многу корисници. Комплексната козметика не обојува облека и совршено се апсорбира, што не секогаш се случува со чистото масло кое се применува на кожата.

Како да ја користиш козметиката со кокосово масло?

Нашата линија Avon Care со кокосово масло вклучува крем за лице, гел за туширање, повеќенаменски крем и крем за раце. Секој од овие козметички производи може да се користи како посебен производ, но ефектите се зголемуваат кога се користат заеднички.

За кого е наменета линијата на кокос? За сите! Мајките и ќерките ќе ги сакаат овие производи за нега наменети за кожа од сите возрасти.

Како функционира Avon Care линијата со кокосово масло?

Во суштина, козметиката со кокосово масло ја хидрира и ја негува кожата, што ја прави мека и свилена на допир. Кремот за лице апсорбира совршено, што го прави погоден како основа на кожата за шминка.

Кокосовото масло во гелот за туширање ја штити кожата од сувост и го подготвува телото за следните тремани за нега.

Ако сакаш да ги негуваш рацете со кремот со кокосово масло, нанеси дебел слој од кремот и стави ги рацете во топол пешкир, така што топлината со помош на кожата ќе апсорбира уште повеќе активни хранливи материи. Задоволството е загарантирано!