Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

5 причини да го сакаш овесот!

Што најмногу сакаш за себе и твоите сакани? Добро здравје и позитивна енергија за прифаќање на секојдневните нови предизвици со насмевка. Тоа е многу лесно да се постигне! Само започни со каша за појадок!

Ти мислиш: грижа, ти велиш: овес!

Овесот е едно од најздравите јадења кои постојат! Овесот е неопходен елемент на секоја здрава исхрана и диета, бидејќи обезбедува многу енергија, а во исто време го одржува ниското ниво на шеќер во крвта и затоа помага во одржување на соодветната телесна тежина. Од каде потекнуваат тие својства? Овесот содржи бета-глукан, што претставува влакно кое ни дава чувство на исполнетост и најаденост. Функционира како изолатор во дигестивниот тракт –покривајќи го со леплив слој со што ја забавува апсорпцијата на шеќер. Ова  својство ја подбрува стабилизацијата на нивото на шеќер во крвта.

Овесот исто така функционира и како пробиотик со што ја подбрува работата на дигестивниот тракт. Тој е совршен лек за намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол. Делува како антиоксидант и има анти-воспалителни својства. Овесот е исто така, одличен извор на магнезиум, со што ја подобрува менталната концентрација. Искористи ги предностите на неговите извонредни квалитети. 

Здрав појадок

Ако сакаш да ги подобриш личните перформанси пред тежок состанок, да им помогнеш на децата да ги положат испитите и тестовите и да ја одржат енергијата за школски натпревар, или пак, да го поткренеш твојот партнер со позитивни вибрации пред чистењето на куќата и шопингот – не постои подобра работа за твоето семејство од овес за појадок! Топла каша со сушено овошје и мед е совршен извор на енергија. Овој оброк ја зголемува енергијата и се бори со чувството на глад многу подолго во однос на традиционалните сендвичи. Дополнително, многу брзо се приготвува. Само прелиј врела вода или млеко преку овесот, готви го неколку минути и готово!

Совршена вечера

Кашата исто така се препорачува и за вечера! Овесот содржи магнезиум, но исто така и калиум, триптофан и витамин Б6, сите неопходни за производство на серотонин во мозокот. Кога паѓа ноќта, серотонинот се трансформира во меланин, состојка која го одржува нашиот дневен циклус и ни помага да заспиеме. По јадењето на овесна каша, децата нема да се разбудат во текот на ноќта со чувство на глад! Здравиот, мирен сон е еднаков на енергијата потребна за следниот ден!

Нега на кожа

Овесот не е само фантастичен извор на храна! Тој исто така многу се користи и во негата на кожата и во козметологијата. Може да го измешаш во прекрасна маска и нежен пилинг. Ако преферираш да користиш готови производи, пробај козметика направена од овес. Исчисти го лицето со нежна течност со екстракт од овес и камилица од новата линија Avon Care, a потоа употреби хранлив крем за лице. Овие производи брзо ќе ја возобноват рамнотежата на сувата кожа, враќајќи ја назад нејзината удобност.

За чистење на телото можеш да користиш нежен гел за туширање од истата линија – ја освежува, храни и хидрира кожата, додека соодветната нега е обезбедена од страна на универзалниот семеен крем. Овесот е безбеден за кожа подложна на алергии, така што можеш да го нанесеш кремот на секој дел од телото. Исто така, тој ќе биде одличен и за децата и твојот партнер – тоа е производ за целото семејство! Содржи смирувачка камилица, особено неопходна за смирување на иритациите на кожата во текот на зимата.

Овесот подмладува!

Препорачај го на секого – вклучително и на твоите родители, баби и дедовци. Многу брзо ќе забележиш како твојата мајка добива нов бран од енергија, a твојот татко е порасположен за игра со внуците. Понуди ѝ малку задоволство на твојата мајка и претстави ја новата линија на козметиката Avon Care. Нејзиниот тен брзо ќе добие младешко руменило и ќе се подмлади! Овесот содржи амино киселини кои го стимулираат производството на колаген. Со сигурност ќе го забележиш овој ефект и на твојата кожа. Сѐ е многу едноставно со овесната каша!