Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Како ефективно да користиш анти-ејџ козметика?

Ако ја помина магичната линија на 30-ти или 40-ти години, тогаш сигурно знаеш дека анти-ејџ козметиката е неопходна за соодветна нега на кожата. Дали знаеш како да ја користиш? Провери!

30 и 40-годишната кожа е зрела кожа; таа бара соодветно потхранување и хидратација. Постојат многу разновидни производи за нега на таква кожа, но  често ние носиме одлуки за купување по случаен избор. Лесно е да се изгубиш во мноштвото достапни производи! А и дали знаеш како да ги зајакнеш нивните корисни својства? Eфективноста на козметиката често зависи од нејзината правилна апликација, a со тоа расте и нашето задоволство од нејзината употреба.

1. Избери крем кој ги задоволува твоите потреби, а не оној ограничен на возраста

Изборот на козметика заснован само на возраста, препорачана од страна на производителот е една од најчестите грешки кои ги правиме. Најважен фактор при изборот треба да бидат потребите на кожата. Ако имаш длабоки брчки и многу сува, ненахранета или запоставена кожа, не ја одлагај соодветната нега само затоа што на пакувањето пишува “45+”, а ти имаш само 38. Рангот на возраста кој е назначен на пакувањето е само предлог на производителот. Поважни се состојките на производот кои може да бидат од голема помош, особено за тебе.

2. Обложи се на технологија!

Тешко е да не се согласиме дека борбата за млада кожа е битка каде постојано се појавуваат новитети кои помагаат, како и нови технологии и други нови сојузници. Вреди да се запознаеш со нив и да ги искористиш нивните предности! Кај козметиката против стареење може да ја сретнеш хијалуронската киселина, биоактивното злато, скапоцените масла, но исто така и современи комбинации на други состојки кои се соодветни за кожата, а се креирани и тестирани во  лаборатории. Во случајот со кремовите, напредните технологии кои овозможуваат извлекување на моќта од природата се навистина важни.

3. Измешај и комбинирај!

За да обезбедиш ефективност на негата против стареење, систематски користи различни и комбинирај ги! На пример, ако имаш проблем со правилната хидратација на кожата, редовно нанесувај мешавина од златната емулзија Anew Ultimate и ноќната маска со хијалуронска киселина Anew Hydra Recovery. Стави од двата производи пред да отидеш на спиење. Мешавината од хијалуронската киселина и златото овозможува постигнување на моментални ефекти на длабока хидратација и ја намалува видливоста на брчките. Ќе се разбудиш со кожа која има младешки и здрав изглед!Препорачливо е да се користат вакви третмани особено во текот на зимата, кога температурите паѓаат, ветерот или снегот ја оптоваруваат кожата, а слабата хидратација станува многу видлива. 

4. Поддршка!

Едноставното тапкање на кремот во кожата не е доволно. Треба да го нанесеш прецизно, со масажа на лицето, бидејќи тоа помага состојките да навлезат во подлабоките слоеви, да ја релаксираат и задржат флексибилноста на кожата. Дали знаеш дека Jапонките го прават тоа секојдневно уште од тинејџерска возраст?

Не знаеш како да го направиш тоа? Лесно е! Нанеси крем или од двојниот еликсир за лице Anew Ultimate Supreme на дланките и нанеси го на твоето лице со кружни движења. Започни со долниот дел од лицето движејќи ги рацете нагоре кон челото, како да сакаш да делуваш спротивно од гравитацијат. Не ги заборавај образите и челото. Можеш да завршиш со нанесувањето со нежно тапкање на целото лице со прстите за да осигураш подобро впивање на производот. Ти треба само малку време за одлично подобрување на циркулацијата на крв во кожата и за впивање на производите за нега и убавина. Да знаеш дека вреди!