Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Како да ги реализираш Новогодишните одлуки?

Донеси одлуки и реализирај ги! Еве ја најдобрата стратегија како да ги исполниш Новогодишните одлуки!

Во јануари и февруари, фитнес центрите се полни. Ако една од твоите Новогодишни одлуки е “да започнам да вежбам”, заборави на купување на членарина! Ти споделуваме неколку совети како да ги реализираш Новогодишните одлуки.

Една работа во еден момент

Ако би можела, би го сменила животот со допир на магично стапче. Сакаш да бидеш послаба, поздрава, да имаш подобра работа, повеќе време за твоите хобија и да се стекнеш со нови вештини. Листата на Новогодишни одлуки нема крај. Сепак, ако навистина сакаш да постигнеш било каква цел, фокусирај се на една работа! Остави го другото за потоа. На крајот на краиштата, следната година исто така можеш да донесеш уште одлуки!

Подели ја целта во неколку задачи

Дали сакаш да ослабнеш? Делувај методично. Запиши ја диетата и вежбите, побарај совет од професионален нутриционист. Планирај го своите активности за неколку недели и не цели превисоко од самиот почеток. Секоја недела треба да намалуваш половина килограм ако сакаш да прекинеш со диетата по достигнувањето на саканата тежина. Теретаните се комплетно пополнети на почетокот на годината. Не го губи времето стоејќи во ред за лента за трчање! Започни со вежбање дома, договори се со пријателката да трчате или да пешачите заедно – тоа е добар почеток!.

Ако твојата цел е да започнеш со некоје ново хоби, собери информација, прашај ги другите кои делат иста страст со тебе и провери што ти треба. Таквиот пристап со планирање и постепена реализација на следната задача, гарантира успех.

Ако твојата одлука е да станеш поорганизирана, планирај како да го сториш тоа и избери работи кои ќе ти користат: планери, папки, тетратки и дефинитивно – нова чанта!