Македонија
    |         |         |    
BSP_motivation_boosters

Avon Imari – мирис кој заведува

Можеш ли да си замислиш мирис кој ги комбинира сите можни спротивности? Истовремено  топол и студен, мек и остар, софистициран и смел. Таков е Imari, мирис кој апсолутно заведува!

Чувството за мирис е едно од најмистериозните, а истовремено и најпотценетите сетила. Она што го мирисаме ни влијае исто колку и она што го гледаме и слушаме, и често тоа се случува несвесно. Ова се однесува и на професионалниот и на приватниот живот, а најмногу од сѐ … на љубовта.Се смета дека оној кој вешто ги користи мирисите е мајстор во заведувањето. Ајде да провериме дали е тоа така!

Imari: биди заведена

Новиот Imari е мирис полн со мистерија и страст која хипнотизира. Останува на кожата со часови и се менува со тек на времето, откривајќи нови, фасцинантни мирисни ноти. Доминантните ноти се аромите на боровинка и зелено јаболко, по кои следи роза, јасмин и пачули. Слатката ванилa е кулуминација на оваа композиција. Може ли да замислиш попривлечна комбинација?

За кого е наменет Imari?

Imari е мирис за сензуални и жени сигурни во себе, кои не се плашат од сопствената женственост и ужива во таа предност. Ако се чувствуваш заводливо, прекрасно, сензуално и ако дополнително сакаш да ги зајакнеш овие квалитети на твојата личност, ова е вистинскиот мирис за тебе!

Imari е совршен за елегантни средби, романтични вечери под светлината на свеќите, состанок со саканиот, или специјална вечер која ќе биде незаборавна.

Внимание: користи го внимателно! Ефектите може да бидат ИСКЛУЧИТЕЛНИ.