Македонија
    |         |         |    
Ти си повеќе од пријател... ти си ми сѐ! | AVON Македонија

Ротација во навиките - клуч за ефикасна промена!

Дали сакаш да воведеш промени во твоето секојдневие, но во исто време промените те плашат? Немој! Биди отворена за промени во твојата исхрана, нега или тренинг, што всушност може да ја подобри нивната ефикасност! Како функционира промената? Ние проверивме!

Сите ние сме често во ситуации кога се соочуваме со предизвик во која било област од нашиот живот, а затоа обично развиваме предвидлив план. Тоа може да вклучува оброци во исто време од денот, планиран тренинг или план за лекување. Добро е да имаш план за сè но сепак, вреди да се земе предвид дека непроменливиот распоред набрзо ќе ти стане досаден, а второ - помалку е ефикасен од планот кој обезбедува простор за модификации.

Што треба да се земе предвид?

Ротација во исхраната и тренингот

Дали знаеш зошто Мухамед Али стана најпознатиот боксер во историјата? Многу луѓе тврдат дека тоа е поради неговиот необичен начин на вежбање. Али не се концентрирал на традиционален предвидлив тренинг кој вклучува само бокс, тој обединил многу различни техники за развој. Тој трчал, скокал на јаже, честопати ги менувал тежините што ги подигнал – оваа ротација довела до неспоредлива ефикасност, брзина и флексибилност.

Модерните истражувања потврдуваат дека неговата интуитивна техника навистина одлично функционира. Дали сакаш да трчаш брзо? Во тој случај не треба да се фокусираш исклучиво на трчање! Дали сакаш да согоруваш масти? Дај му на твоето тело разни форми на физичка активност.

Истото важи и за исхраната. За да се подобри нејзината ефикасност, се препорачува да се дозволат „денови на мамење“. Ова се денови кога можеш да заборавиш на зелената салата и лесните закуски, и си дозволуваш консумирање на твојата омилена пица без жалење. Диететичарите докажаа дека мало опуштање не само што не ги уништува нашите напори, туку помага во оджувањето на здрав метаболизам. Сепак, важно е да не претераш во ниту една ситуација.

Ротација во негувањето на убавината

Промените се корисни и во негувањето на убавината. Користењето на само една козметика може да го намали ефектот со текот на времето. Од друга страна, и константното експериментирање не е најдобро решение. Како да се реши оваа дилема? AVON најде начин.

Решението се наоѓа во најновиот ротациски ноќен-крем третман Infinite Effect од линијата ANEW Reversalist кој содржи 2 креми.

Ги ротираш кремите секоја недела. Ги користиш наизменично - во текот на првата недела го нанесуваш кремот со формула фитол + секоја вечер, а во текот на втората недела го ротираш и почнуваш да го користиш другиот крем со формула со суперретинол позната како најсилна состојка против стареење. Овој начин спречува кожата да биде презаситена и да престане кремот да делува. На овој ротирачки начин твојата кожа ќе биде негувана во континуитет. 

Ваквиот пристап кон негата на кожа исто така, ги подобрува природните регенеративни процеси во епидермисот. Дејствувај паметно! Твојата кожа ќе ти биде благодарна!