Македонија
    |         |         |    
Ти си повеќе од пријател... ти си ми сѐ! | AVON Македонија

3 правила кои треба да ги следиш кога користиш козметика против брчки

Кожата почнува да созрева на возраст од 20-26 години: ги губи флексибилноста и обемот, а се појавуваат и првите брчки. Обично на почетокот на 30-тите години започнуваме да користиме креми против брчки. Како да ги применуваш правилно и да ги избегнеш несаканите грешки?

1. Избери ја твојата козметика според твоите потреби, а не само возраста!

Дали возрасната граница е задоволителен фактор при изборот на креми? Дали ризикуваш нешто ако на 30 годишна возраст ја користиш козметиката на мајка ти?

Точно е дека мнозинството козметички производи се означени со одредена возрасна група.

Вреди да се нагласи дека овие податоци се само приближни и не треба да се земат со ригорозна прецизност!

Може да се случи да си носител на „добри гени“ и кожа без проблеми па да започнеш да ги користиш првите производи против стареење на кожата на прагот на 40-тата година, додека твоите 10 години помлади пријателки треба да применуваат производи со ознака 35-40 + поради нивната состојба на кожата.

Пред да одлучиш кој крем да го избереш, искрено провери ја состојбата и видот на кожата. Што друго, освен да се бориш со брчките е приоритет за твојата кожа? Дали тоа е хидрирање, стекнување на избалансираност, подобрување на тонот на кожата, негување или отстранување на флеки? Пауза посветена на размислување за овие прашања и соодветна самодијагностика ќе се исплати со вистинскиот избор на козметика и добивање на резултатите што ги сонуваш.

Наш совет:

Производите за повисоки старосни граници на пр. 40+, 50+, содржат поголема содржина на активните состојки (како хијалуронска киселина, ретинол, или корисни комплекси). Ако твојата кожа е во полоша состојба (на пример после лето), привремено можеш да користиш посилна козметика за да ја поправиш штетата и да и помогнеш при регенерацијата на кожата. Кога не си сигурна во врска со видот на кожата, можеш да ги испробаш универзалните производи кои ги таргетираат сите видови / возрасти на кожата.

2. Избегнувај користење на производи кои се прмногу слаби или премногу јаки!

Правилото споменато погоре бара некое објаснување, бидејќи нашите потреби за кожата може да се решат едвај минимално или во целост, но исто така е можно ... да се претера. Нежен, ултра лесен крем обично не е доволен за потребите на многу исушена кожа - важно е да избереш интензивно хидрирачки производ, бидејќи никој друг не може да го запре или дури да го успори процесот на стареење на кожата.

Сепак, исто така е можно да се претера во спротивна насока. Не користи силни креми против стареење за првите брчки. Ќе дојде време и за нив, исто така! Ако премногу брзо започнеш да ги користиш посилните производи, ризикуваш твојата кожа да се навикне на таква „поддршка“ и наместо интензивно да работи постојано ќе бара таква надворешна помош.

Ако го искористиш целиот арсенал против стареење денес, што ќе користиш за неколку години?

3. Пристапи им на ветувањата со претпазливост и резерва!

 Препорака од твојата пријателка, ветувачки информации во опис на производот или во упатството - овие фактори се важни, но не се клучни. Запомни дека некои од овие пароли се празни ветувања, додека козметиката која навистина функционира е подложена на долги и комплицирани испитувања за ефикасност. При изборот на производ од AVON можеш да бидеш сигурна дека ќе функционира добро и ќе се покаже достоен за неговата цена!

Ги знаеш сите правила– постапи паметно!

Денес, во ерата на стотици производи против стареење тешко е да се најдат вистинските иновации, но постојат исклучоци!

Првиот ротациски ноќен крем-третман Infinite Effect против брчки од колекцијата ANEW од AVON е повеќе од крем. Производот всушност содржи 2 креми со 2 различни формули. Во текот на првата недела го нанесуваш кремот со формула фитол + секоја вечер, а во текот на втората недела го ротираш и почнуваш да го користиш другиот крем со формула со суперретинол. Овој начин спречува кожата да биде презаситена и да престане кремот да делува. На овој ротирачки начин твојата кожа ќе биде негувана во континуитет.

Од каде потекнува идејата? Си слушнала ли некогаш за ротација во твојата исхрана или тренинг? Нашето тело, на пример мускулите, се навикнуваат на константни унифицирани движења и после извесен период престануваат да реагираат или реакциите се помалку значајни. Едноставно се навикнуваат и ефектот е се помал и помал. Затоа професионален тренер нема да ти препорача секој ден да вежбаш на иста справа, туку ќе ти препорача нова справа за ротирање на тренингот. Ова ќе допринесе до предизвикување на мускулите и ефикасно вежбање и резултати. Истото се случува со кожата. Доколку долго време го користиш истиот крем за лице нема да постигнеш никаков долгорочен ефект.

Кој е ефектот од користењето на новиот ANEW ноќен третман Infinite Effects? Пред сѐ ефикасност при намалувањето на брчките на лицето, подмладена кожа и поизедначен тен. Производот е направен според долгогдишно клиничко тестирање! Ова не се празни ветувања, туку факти.

Отсега фразата „секој ден ќе се будиш поубава“ добива нова димензија! Дали си подготвена да го пробаш?