Македонија
    |         |         |    
Ти си повеќе од пријател... ти си ми сѐ! | AVON Македонија

Есен во фармерки – сè што треба да знаеш за новиот моден тренд!

Фармерките секогаш биле во мода со верни фанови низ годините. Доколку немаш пар фармерки во твојот плакар или сметаш дека се наменети само за деца, споделуваме интересни и корисни совети како да ги носиш и како да го одбереш совршениот пар. Да започнеме!

Стилистите се согласуваат: добро избрани фармерки стојат убаво на секого, без оглед на тоа дали имаш 20 или 60 години. Материјалот за фармерки во денешно време се користи и за фустани, јакни и други парчиња облека.

Не ти се допаѓа материјалот на класичните фармерки? Имаме совршено решение за тебе, а тоа е колекцијата JAENETIC од АVON. Претставува револуција во фармерките бидеќи нуди парчиња облека со изглед на фармерки но направени од 90% памук и многу удобни. Материјалот е еластичен па овозможува слобода во движењата. Доколку до сега избегнуваше фармерки поради материјалот и чуството на твојата кожа, време е да се предомислиш!

Мала историја на фармерките

Фармерките се стари речиси 150 години, а на почетокот материјалот за фармерки бил наменет за морнари. Во текот на 1930 година, заедно со трендот на западните филмови, стана популарен материјал за облека во филмови. Благодарение на Џејмс Дин, фармерките станаа симбол на револт и бунтовност. Со текот на времето асоцијациите се намалија а репутацијата се подорби. Така во 1980 фармерките станаа симбол на „хипи“ популацијата. Денес, скоро никој не се сеќава на почетоците на фармерките, но фармерки или облека од истиот материјал можат да се забележат на улиците, на работните места па дури за време на некоја елегантна вечера. Се зависи од тоа дали се дел од одреден стил.

Запами!

  • Секој може да носи фармерки! Млади девојки и повозрасни дами изгледаат одлично во нив!
  • Темно плавата боја ја нагласува силуетата на твојето тело и ги прикрива несовршеностите
  • Колекцијата Jeanetic од AVON e револуционерна! Материјалот е силен, еластичен, од 90% памук. Облеката од оваа колекција и дава можност на кожата да дише. Не стануваат тврди и крути како класичните фармерки. Пробај ги, гарантираме дека ќе ги засакаш!

Како да вметнеш фармерки во твојот стил?

Играј со модата и пробај различни модели на фармерки. Класични фаермерки или фустан од истиот материјал се основата на секој моден стил. Можеш да ги комбинираш со различни парчиња накит и секој пат да изгледаш како да си облекла нешто ново.

Доколку сакаш да имаш поформален стил, носи бела блуза или елегантна маица. За класичен изглед носи темни бои – сива, црна или темно сина. Предноста на фармерките е што совршено се комбинираат со секакви парчиња облека.

Многу е лесно да го промениш твојот изглед од спортски во софистициран. Смени ги патиките со штикли, смени ја чантата. Додади накит или марама и драматично ќе го промениш изгледот.

Изглед на фармерки со удобност на тренерки