Македонија
    |         |         |    
Естетска медицина или козметика? Одбери мудро | AVON Македонија

Естетска медицина или козметика? Одбери мудро

Естетската медицина стана многу популарна во изминатите неколку години и истата има естимирана вредност од неколку милиони евра. Бројот на професионални клиники се зголемува додека третманите станаа се покомплицирани. Дали домашната грижа за убавина со специјално наменети производи може да се натпреварува со иглите и скалпелите на естетската медицина?

Ботокс, хијалуронска киселина – се само некои од термините кои почнавме да ги користиме поради развивањето на естетската медицина. Некогаш овие термин беа наменети само за популарните и/или многу богати личности, но денес се широко користени. Дали естетската медицина има некои недостатоци покрај големите трошоци?

Естетска медицина – што треба да знаеш?

Одиш на третман, а излегуваш како нова личност – дали ова ти го кажуваат твоите пријателки? Тоа не е точно! Естетската медицина нуди низа долготрајни третмани кои не секогаш даваат брзо видливи резултати, а некои бараат и одреден период на опоравување.

Естетската медицина не е пластична хирургија која бара долго опоравување но сепак, после првиот третман често изгледаш полошо од пред да подлегнеш на истиот бидеќи на телото му требаат 2-3 дена да се опорави. Крајниот ефект се покажува со време. Биди внимателна – ефектот не трае засекогаш!

Зависно од видот на третманот, обично истите треба да се повторат. Ја договараш фреквентноста со твојот доктор, но не очекувај чуда да се случат со интервенција само еднаш годишно. Обично, третмани на секои 2-3 месеци се потребни за континуирани резултати.

Докторот треба да ти ги напомене можните несакани компликации. Не се чести, но можат да бидат и опасни!

Дали има алтернатива на естетската медицина?

Доколку самата идеја на игли и скалпели на твојата кожа те иритираат, побарај козметика која ќе ти даде сличен ефект како естетската медицина.

Како да одбереш соодветна козметика? За почеток, дознај ги потребите на твојата кожа.

Ако се бориш со промена на бојата на твојата кожа, Anew Clinical со DSX-7 кремот и серумот за лице ќе ти бидат корисни. Кога ги правевме производите, бевме инспирирани од ефикасноста на ласерската технологија. Кремот и серумот намалуваат флеки од сонце, нееднаков тон на кожата, белези од акни како и црвенила. Навистина можеш да ги видиш резултатите!

Ако на твојата кожа и е потребно подмладување, одбери го кремот ANEW Platinum инспириран од лифтинг третманите. Можеш да ја зголемиш ефективноста со користење на масажер за лице кој работи слично како месотерапија. Ја зголемува циркулацијата, стимулира работа на клетките и гарантира подобра апсорпција на козметиката.

 Запамти!

  • Естетската медицина инволвира инвазивни процедури кои даваат ефект, сепак многу се скапи и носат одредени ризици
  • Ефектот од третманот не трае вечно – процедурите треба да се повторуваат
  • После третманот, на кожата и треба нега со козметички производи
  • Ако си заинтересирана за естетска медицина одбери проверени клиники со специјалисти. Инвазивен третман од страна на козметичар е лоша идеја
  • Модерната козметика дава слични резултати со помал трошок и помалку ризик. Сите козметички производи се клинички тестирани – со докажани резултати