Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Maсло за чистење на лице – откриј ја неговата магична моќ во секојдневните ритуали!

Отстранувањето на шминката е основа на...убавата шминка! Сите бараме производ кој што ќе го направи овај процес што поефикасен. Дали си пробала магично масло за чистење на лице? Маслата овозможуваат подобро чистење на лицето од производите на база на вода. Овој најнов тренд доаѓа од Азија и значително ќе ја подобри твојата нега на кожа.

Масло за чистење на лице – долгогодишна традиција и едноставен хемиски принцип!

Масло за чистење на лице звучи како нешто невозможно на почеток нели? Размислуваш вака - мрсно е, допринесува до мрсни остатоци на твоето лице, само повеќе ја размачкува твојата шминка и мора повторно да се чистиш. Сепак – остави ги сомнежите на страна! Верувај на долготрајната традиција на Азиските жени.

Пред долго време жените од Истокот открија дека маслата отстрануваат тешка, мрсна козметика многу полесно од вода! Ова е објаснето преку едноставен хемиски принцип. Сличните супстанци се раствораат меѓусебно. Значи, вишокот на себум и козметика базирани на масла и силикони совршено ќе се растворат во допир со масло.

Како функционира чистењето?

Твојата кожа ќе стане мазна, блскава и перфектно чиста, а маслото нема да остави мрсен слој. Совршено ги прочистува порите без потреба на триење, гребење, миење, испирање итн. Лесно отстранува водоотпорна маскара или јака пудра. Како се користи?

Само нанеси мала количина на AVON True Nutra Effects масло за лице на сува кожа и нежно втриј во кожата. Следно, нанеси топла вода на лицето за да го претвориш во млеко за лице и продолжи со нежна масажа. Потоа исплакни го лицето со вода. Чуството е многу пријатно! Она што е најважно е дека покрај шминката, ќе ги отстраниш и штетните  честички од кожата.

Масло за чистење на лице – за сите видови на кожа!

Маслото за лице е многу нежно – соодветно за нежна кожа склона кон иритации. Производот не содржи сапун и парабени , можат да го користат и жени склони кон алергии. А што ако имаш мрсна кожа? Во тој случај треба да го користиш маслото што повеќе бидејќи е многу ефикасно во отстранување на мрснотиите од кожата. Дехидрираната, сува кожа е склона кон стварање на црнки и бубуљици бидејќи кожата ја регулира оваа состојба со прекоумерено лачење на себум. Маслото за лице ќе го регулира овој процес и ќе овозможи соодветна хидратација.

Дали сите масла ја отстрануваат мрснотијата од кожата?

Ако маслото ги раствара мрснотиите, дали е возможно да користиш обично масло што го имаш дома? Одговорот е – не! Маслата за чистење на лице се направени од природни концентрати од растителни екстракти и имаат лесна текстура. Таквите масла се внимателно направени, така што нивното користење во соодветни количини е клучот на успехот кон здрава и чиста кожа.

Магичното масло Avon True содржи комплекси на марула, бабасу, зелено кафе, лен и овошје. Таквиот состав гарантира совршено хидрирање и зацврстување на кожата. Ја подобрува цврстината на кожата и превенира стареење. Дополнително, една од неговите состојки е витамин Е. Искористи ја моќта на природата и мудроста на Истокот!