Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

5 најчести грешки при користење на креми за сончање

Користиш крем за сончање за заштита на твоето лице, а дополнително носиш и капа додека си на плажа – дали мислиш дека ова е доволна заштита од штетните сончеви зраци?

Нанесувањето на крем за сончање на твоето лице е задолжително, но за навистина да се заштитиш од штетните сончеви зраци треба да направиш многу повеќе. Сигурно не сакаш да добиеш пеги, промена на пигментот или забрзано стареење на кожата! Неадекватната заштита од сончевите зраци може да придонесе до непоправливи последици.

Кремот за сончање не е доволен, заштити се со облека!

Не е случајност што жителите на најсончевите региони во светот ги покриваат своите тела со долги парчиња облека и избегнуваат да го напуштат домот во попладневните часови.  Долгите ракави од лесен материјал треба да станат задолжителна облека за сончевите денови. Ако до сега се препушташе на сончевите зраци во текот на целиот ден на плажа, сега треба да ја промениш оваа навика. Целодневното изложување на сонце е сериозна грешка и чекор кон трајно оштетена кожа.

Дали избра производи со UVB заштита? Ова не е доволно! Ти треба заштита и од UVA зраци исто така!

Дали ги занемаруваш ознаките на кремите за сончање и обрнуваш внимание само на фактот дека кремата штити од  UVB зраци? Ова дефинитивно не е довоолно. UVB зраците се задолжени за површински оштетувања на кожата како на пример изгореници, па овие креми се доволни да не поцрвениш како рак. Сонцето дополнително емитува и UVA зраци кои пенетрираат подлабоко во слоевите на кожата и ги оштетуваат колаген влакната. Овие зраци може да предизвикаат алергија на сонце и да ја зголемат можноста за развивање на рак на кожа. Побарај и купи производи кои штитат од двете врсти на сончеви зраци.  Внимателно читај ги ознаките!

Совет: Доколку на твојот крем за заштита пишува само заштитен фактор 20, ова значи дека кремот штити само од UVB зраци. Побарај крем на кој е означено дека штити и од UVA зраци.

Еден слој не е доволен!

Дали нанесуваш крем за сончање пред напуштање на домот и потоа цел ден го поминуваш на сонце - или уште полошо, се сончаш на плажа неколку часа? Оваа заштита дефинитивно не е доволна. Нанеси поголема количина, колку 2 големи лажици. Најдобро е да нанесеш дупли слој. Почекај првиот слој да се впие и потоа нанеси уште еден. Повтори ги овие чекори барем на секои 2 часа во текот на деновите кога си изложена на сонце, а особено кога си на плажа!

Дали користиш крем за сончање само за време на одмор?

Доколку користиш крем за сончање само додека си на одмор, правиш сериозна грешка. Кремот со заштитен фактор треба да го користиш во текот на целата година па дури и за време на зимските месеци. Недостатокот на време не треба да биде оправдување. Купи секојдневен крем за лице со заштитен фактор. На плажа користи крем со највисок фактор, не заборавај дополнително да носиш капа, наочари за сонце и наметка за твоите рамења.