Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Како мириса успехот?

Во животот добиваш онолку колку што ќе вложиш, работејќи кон остварување на своите соништа и водејќи ги другите кон остварување на нивните.

Чувствувај се самоуверено, моќно и успешно. Можеш да бидеш се што ќе посакаш, почнувајќи од денес со Aspire Debut.

 

Приказната за Aspire Debut за Неа

 

Свежа и изгладена врвна нота:

Сочната нота на егзотично личи и круша се збогатени со свежа мандарина. Отварањето носи свежи сочни акорди, но не преслатки. Свежината го прави овој мирис сјаен и привлечен .

 

Воодушевувачка средна нота:           

Во срцето домнира мешавина на богати цвеќиња. Телесната нота од крин е придружена од дуото – роза и момина солза. Цветниот акорд е елегантен и софистициран додека ве заведува со луксузна сензација.

 

Основна нота :

Ноти на кедрово дрво во комбинација со килибар даваат сладкострасен мирис откривајќи ја гламурозната женственост и модерната сензуалност . Завршетокот е длабок и интензивен.

 

Главни состојки:

 

Круша

Крушата оддава крцкави и свежи акорди со зелени и слатки тонови. Истовремено свежа и крцкава, кружата во Aspire дава деликатност на мирисот. Со спојување на овие акорди, креаторот одлучи  да ја нагласи свежината без да ја направи основната нота преслатка. Постигнат е совршен баланс помеѓу зелени и гурмански аспекти. Крушата честопати играла важна улога во историјата. На пример, француската традиција диктирала дека кога монарсите требало да се крунисаат, тие биле дарувани со чаша шампањ и круша. Луј XV, Луј XVI, па дури и Мари Луиз учествувале во оваа традиција. Чарлс X го зел плодот на неговото крунисување во 1825 година, откако градоначалникот на Ремс му се обратил: „Ние ви го нудиме најдоброто од она што го имаме: нашите вина, нашите круши и нашите срца".

 

Крин

Мирисот на крин е свеж и интензивен, со мешавина на зачинети ноти на јасмин и бели цветови. Симбол на моќ, кринот ја нагласува женственост. Со изборот на овие цветови, креаторот ја нагласи елегантност и гламурот. 

 

Килибар

Килибарот има дрвенаст и сув мирис кој потсетува на амбра, љубичица и тутун. Исто така е мек, малку животински, со топла, елегантна и долготрајна трага. Неговата кадифена мошусна трага потсеќа на мирисот на кожата. Во Aspire Gold, амбрата обезбедува сензуален ефект со интензитет, длабочина и поголема издржливост. Во комбинација со кедрово дрво и ванила фигурира топлина и кадифена текстура.