Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Ефект на професионална шминка? Постигни го сама!

Секоја жена сака да изгледа совршено во специјални прилики. Дали е возможно да постигнеш ефект на професионална шминка дома? Можат ли твоите раце да го направат тоа? Нашиот експерт, Ана Булковска-Јастал, Тренер за Убавина во AVON тврди дека одговорот е - да ! Се што треба да направиш е да научиш неколку трикови и да не се плашиш да ги пробаш!

Како да постигнеш ефект на професионална шминка?

Без оглед на тоа што не си присуствувала на никаков курс за шминкање можеш и сама да успееш во ова многу лесно. Само треба да сакаш да научиш, да вежбаш и пробаш неколку пати, да го гледаш својот напредок и спектакуларните резулати ќе бидат видливи за многу кратко време!

Што треба да знаеш пред да започнеш?

Прво важно правило е да ја негуваш својата кожа. Шминката може да ги покрие несовршеностите но редовната нега е она што доаѓа прво. Шминката бара хидрирана кожа на лицето, вратот и деколтето. Кога кожата е добро негувана, шминката има подобар ефект и останува многу подолго.

Што да нанесеш на самиот почеток?

Зависи од видот на кожа: Препорачуваме користење на внимателно одбрана бела козметика односно креми и масла за нега на кожа кои ја хидрираат. Не заборавај да ја отстраниш шминката на крајот на денот. Ова е многу важен чекор кон чиста и здрава кожа!

Дали ми требаат додатоци?

Да – сунѓерче за нанесување на подлога за пудра и течна пудра како и четки за добро размачкување на сенка за очи, пудра и руменило се задолжителни. Овие додатоци помагаат во соодветно нанесување на шминката и го подобруваат крајниот резултат. Доколку сакаш ефект на професионална шминка “како од салон за убавна” препорачуваме да порачаш комплет од такви додатоци. Чувај ги и ќе траат долго!

Која шминка е во тренд оваа сезона? Како со шминка да постигнеш светол изглед на кожата?

Негувана, одржана и светла кожа е трендот за ова лето. Такви ефекти можеш да постигнеш со едноставно користење на осветлувач и бронзер. Нанеси осветлувач на образите, средината на носот и горната усна. Нанеси бронзер на образите. Овие два производи се користат и за осветлување на деколтето. Вреди да се проба бидејќи резултатите се совршени.

Што уште трба да знаеш?

Тренди и совршена шминка не постојат без долги и густи трепки. Овој ефект можеш да го постигнеш со лепење на вештачки трепки или со едноставно нанесување на маскара која соодветно ги расчешлува и издолжува трепките. Можеш да нанесиш маскара повеќе пати, а после тоа повторно исчешлај ги трепките со сува и чиста четкичка. Корегираните и нагласени веѓи ја комплетират шминката за очи. Такви резултати можеш да постигнеш со сенка и моливче за веѓи.

Спремна за специјална прилика!

Не е тешко нели? Заврши го твојот совршен изглед со убави, сензуални усни и нокти со јака и интригантна боја. Препорачуваме користење на лак за нокти со гел-ефект за интензивен и долготраен изглед.