Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Природна нега на кожа: како да одбереш ББ-крем за твоето лице?

ББ-кремите, обожавани во Азија поради подмадувачкиот ефект на кожата, конечно стануваат популарни и во Европа! Летото е совршено време за да се спријателите! На што треба да се обрнеш внимание при изборот на идеален ББ-крем за твојата кожа?

Доколку преферираш природен изглед на твојата кожа и не си фан на јака декоративна козметика но те интересира прикривање на одредени несовршености, ББ-кремите се направени за дами како тебе. Нивната формула овозможува нега на кожа и разубавување. Резултатот е кожа со природен изглед без несовршености!

Дали ББ-кремите се за сечија кожа?

Да, ББ-кремите се опција за сите видови на кожа без оглед на возраста!  Тинејџерите и дамите во 40-тите и 50-тите можат да го користат, а треба само да изберат производ кој што е идеален за нив.

ББ-кремите се потхранувачки, многу повеќе од течната пудра за лице, а воедно се многу полесни. ББ-кремите од Nutra Effects линијата вклучуваат коктел од потхранувачки состојки како што се екстракти од чиа семе и стрелиција. Тие се совршени козметика за секој ден, за одмор и викенди. Уште поважно, покрај нивната функција на потхранување и разубавување, соржат УВ филтри за заштита на кожата од сонце. Запамти! Незаштитената кожа старее побрзо!

Наш СОВЕТ за летна шминка за 5 минути:

Стави ББ-крем од колекцијата Avon True Nutra Effects на чиста кожа. Ако твојот вид на кожа е мешан и мрсен, искористи течна пудра за невидливо покривање за дополнително да ги покриеш носот и челото. На трепките стави маскара, а на усните стави 3 во 1 Avon True color кармин кој дополнително ќе ги потхрани. Тоа е се! Спремна си за летото!  

Како да избереш ББ-крем?

Избирањето на ББ-крем е многу полесно од избирањето на пудра за лице. Некои производи се универзални и се прилагодуваат на сите видови и бои на кожа, други имаат нијанси од кои треба да избереш – избери light нијанса доколку имаш светла кожа или medium нијанса за темна или многу темна кожа.

Внимавај на видот на кожа. Ова е важно во текот на летото кога проблемите со кожата стануваат поинтензивни. Сувата кожа изложена на сонце, морска вода и топлина може да стане значително сува, додека мрсната кожа може да реагира со произведување на голема количина на себум и да доведе до уште помрсен изглед. Доколку твојата кожа е лесна за оджување – избери универзален производ како што е нијансираниот крем за лице Avon True од Nutra Effects линијата. Доколку ти треба понапредна козметика, можеш да избереш Матирачки ББ-крем, Измазнувачки ББ-крем па дури и ББ-крем против брчки!

Стави го ББ-кремот во твојот несесер и уживај во летото!