Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Тајните на прекрасната коса

Како да ја обновиш косата во домашни услови и да постигнеш ефект како од фризерски салон

Сигурно ја обожуваш твојата коса кога ќе излезеш од фризерски салон! Мека, мазна, сјајна – би било прекрасно да го одржиш тој ефект што подолго! Дали треба да одиш на фризер секој ден? Секако дека не – сега е можно да ги постигнеш истите резултати и дома. Еве неколку едноставни чекори до прекрасна коса.

Еднаш на неколку дена посвети повеќе внимание на косата. Внимателно исчеткај ја и одвој време за специјална козметика која длабински ќе делува на  структурата на влакното. Избери производи кои содржат соодветни состојки. Најдобрите резултати може да се постигнат со употреба на козметика од професионални линии нанесени од страна на најдобрите фризери во професионалните фризерски салони. 

 

Како да ги избереш соодветните производи за нега на коса?

Секојдневните третмани, сушењето со фен, пеглањето на косата, спрејовите и временските прилики, влијаат на состојбата на твојата коса. Додади го тука и носењето шапки и престојот во климатизирани простории и твојата коса целосно ќе го изгуби својот сјај. Кога е оштетена, сува и полна со статички електрицитет, избери козметика која брзо ќе се справи со специфичните проблеми и ќе го обнови совршениот изглед на твојата коса!

Ваквата комплетна нега е присутна во линијата Advanced Techniques BB со комплекс од алги и врвна технологија за напредна заштита. Со вакви иновативни производи за коса не ти треба друга козметика за да го обновиш сјајот и прекрасниот изглед на косата. Алгите брзо ја регенерираат оштетената коса, ја обновуваат нејзината структура и го спречуваат расцветувањето на врвовите. Ова е идеално решение доколку често користиш фен за сушење, бланш или пак често ја боиш косата.

Професионална регенерација на косата – едноставен домашен третман!1. Започни со темелно миење на косата. Нежниот кремаст Advanced Techniques BB шампон со комплекс од алги внимателно ја чисти косата. Направи го миењето исто како на фризер, a истовремено масирај го скалпот.  2. По темелното плакнење на косата, нанеси регенератор или крем – маскасо екстракт од алги од истата линија. Остави ја да одстои неколку минути за да може производот да ги обнови кутикулите на влакното и да ги поправи површинските оштетувања. Прекрасниот мирис на маската или регенераторот моментално ќе те пренесе со мислите на некоја рајска плажа. Ако сакаш да го избегнеш второто плакнење, избери еликсир кој не се плакне. Нанеси го луксузниот кремаст еликсир Advance Techniques BB на влажна коса. Тој дополнително ја штити косата за време на обликувањето со фен или пегла. 3. Обвиткај ја косата со пешкир. Не ја суши веднаш; остави ја нека се одмори од топлината неколку минути. 4. Исуши ја косата и нежно исчеткај ја, пожелно со четка со природни влакна. Не ја куби косата, туку обиди се да го сториш тоа на пријатен начин. 5. Исчешланата коса лесно може да се обликува. Можеш да го зачуваш изгледот со нанесување на спреј за коса, иако доколку ги користиш професионалните призводи нема да имаш потреба од спреј. Уживај во изгледот како од фризерски салон!