Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Револуционерни состојки кои се потребни на твојата кожа

Прилагоди ја личната нега во зависност од потребите на твојата кожа. Ако си користела еден ист крем повеќе месеци, подготви се себеси за револуција! Ќе ги обожуваш промените кои ќе се појавуваат побрзо од било кога. Што треба да знаеш за да се случи тоа? Запознај ги состојките одговорни за посакуваните ефекти.

Секојдневна нега

Екстрактот од семето на стрелиција и микро пигментите се прилагодуваат на сите тенови на кожа – таквите компоненти може да се најдат во Avon True NutraEffects, а производот кој брзо ќе го избалансира неизедначениот тен и ќе ја обдари кожата со природен сјај. Таквите состојки треба интензивно да се употребуваат ако пролетното сонце ги нагласува несаканите промени, a кожата е бледа и истоштена по зимата. Семето од стрелиција ја стимулира обновата на клетките и делува брзо. Кремот може да се користи за дневна употреба, бидејќи совршено ја хидрира кожата.

Кремот со екстракт од чиа семе, композиција од минерали и омега 3 и 6 масни киселини е вистинска хидрирачка бомба – совршена за престој во климатизирани простории, како и во сите ситуации кога е потребна дополнителна хидратација. Чиа семето го одржува отималното ниво на клеточна хидратација, бидејќи апсорбира 10 пати повеќе вода од својата тежина! Овој квалитет обезбедува длабинска хидратација што ја прави кожата мека и затегната. Минералите и омега масните киселини обезбедуваа дополнително потхранување.  Пробај го Avon True NutraEffects кремот за хидратација. Делува веднаш, а ти брзо ќе ја почувствуваш разликата!

Мултивитаминскиот комплекс на основа на семе од калинка со витамин E и Б6 делува најдобро во борбата против првите знаци на стареење. Може да го забавиш стареењето на кожата преку обезбедување на стабилна и правилна хидратација. Недостатокот од хидрирачки и потхранувачки елементи е причина за раното попјавување на брчките. Токму затоа е неопходно да ја збогатите кожата со витамин E,пзнат и како витамин на младоста, како и со значителна порција на екстракт од калинка. Второто е совршена состојка во борбата против слободните радикали и загадувањето на воздухот, бидејќи овие екстерни фактори се силно одговорни за тоа како изгледа твојата кожа. Ќе пронајдеш таков состав во кремот против стареење Avon True NutraEffects Ageless – идеален е за викенди на отворено!

Кремови кои наликуваат на хируршки третмани

Што ако твоите брчки се подлабоки? Делувај врз кожата исто како да применуваш лифтинг! Ова е одлична алтернатива на хируршките третмани. Состојките во кремот кои ја стимулираат продукцијата на колаген, еластин, фибронектин и кератан сулфат ќе ти помогнат да го сториш тоа. Ефектите се видливи веќе по четири недели од нанесувањето, што е побрзо одколку комплетните резултати на ахируршките третмани!

Таквите кремови содржат, меѓу другото, Л-аргинин, како Anew Platinum , или Celluvive комплекс кој го потпомага правилното прочистување на кожата, враќајќи ја нејзината цврстина и еластичонст– како Anew Ultimate. Tri-Elastinex технологијата која може да е најде во кремот за обнова Anew Reversalist прекрасно ја хидрира и потхранува кожата додека делува како поддршка при обновата.

Совршениот лифтинг е обезбеден од крем кој делува во четири димензии! Тоа може да се постигне со Anew Clinical Infinite, крем кој зацврстува, затегнува, обликува и го контурира лицето. Совршен е за посебни прилики.

Секојдневна борба со несовршеностите?

Ако твојот секојдневен проблем претставуваат зголемените и затнати пори, без оглед на тоа дали е викенд или дали си во канцеларија, пробај кремови и производи коки темелно ја прочистуваат кожата. Можеш да пронајдеш многу производи од таквата козметика во линијата Clearskin: пена за чистење, тоник за лице, третман со салицилна киселина (препорачан за упопреба во текот на ноќта), инстантен третман за акни за највидливите проблеми, пилинзи, и маски. Осигурај се дека ги нанесуваш кремовите на добро исчистено лице! Ефектите се навистина брзи, така што нема потреба да се грижиш дека некој ќе забележи нешто на твоето лице!