Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Дали сакаш да се ослободиш од целулитот? Делувај сеопфатно!

Како успешно да се бориш против целулитот? Дали досега проба сé и изгуби надеж? Ние имаме ефикасно решение за тебе! Ако го комбинираш со соодветна диета и неколку минути на интензивни вежби секој ден, ти гарантираме извонредни ефекти!

Само хируршки зафат? Невистина! Постојат и подобри решенија за целулитот!

Анти-целулитната мезотерапија е третман за личности кои веќе пробале различни методи и сите завршиле без успех. Само пластичните хирурзи го прават тоа. Третманот е ефективен, иако доста болен, така што кожата треба да се анестезира. Кожата се боцка со игла на секои неколку сантиметри и се вбризгуваат супстанци кои го потпомагаат отстранувањето на мастите од клетките, додека ги потхранува и зајакнува.

Ова звучи одлично, и можеби си размислувала за тоа, освен ако едноставно не сакаш вакви процедури: тешко се справуваш со каснување на комарец, така што не ни сакаш да помислиш на повеќекратно боцкање со игли. Покрај тоа, не можеш да си дозволиш толку многу пари, а таквите третмани бараат повеќе повторувања. Дали тоа значи дека ти си осудена на неуспех во борбата со целулитот? За среќа - не! Постојат и други напредни и ефективни решенија за согорување на целулитот трипати побрзо отколку при користење на кремовите кои веќе си ги пробала.

 

Безболно, брзо и удобно!

Avon создаде производ инспириран од мезотерапијата – CelluBreak 5D (07666), кој ја намалува видливоста на дури и напредниот целулит и го спречува неговото ширење. Ќе ги забележиш ефектите веќе за 4 недели, што е многу побрзо во однос на ефектот по третманот на мезотерапија, кој треба да се повторува 3 до 4 пати на секоји 10 до 14 дена. Кремот содржи концентриран Multiactive комплекс кој функционира исто како мезотерапијата.

Масивен напад врз целулитот? Токму така!

Можеш да ја унапредиш ефективноста на кремот со употреба на масжер за тело кој ќе ја подобри еластичноста и цврстината на кожата. Масажата се препорачува исто така и по операцијата! Можеш да го користиш масажерот под туш или на сува кожа.

Истенчен изглед за четири недели

Ако твојата цел е дополнително да ослабнеш и да ги забрзаш ефектите, пробај производ кој ќе делува како … липосукција. Avon Solutions Thermal Tone (10637) ја загрева кожата и го забрзува согорувањето на мастите, со што се добива истенчен изглед, цврста кожа и измазнет целулит. Кремот содржи напреден Thermaburn комплекс со Л-карнитин, состојка која го стимулира клеточниот метаболизам.

Вежбај петнаесет минути дневно!

Ти заштеди во пари и време со употреба на прекрасни анти-целулитни производи наместо хируршки третмани. Одлично! Затоа, не треба да постои изговор за да пропуштиш 15-20 минути интензивно пешачење еднаш дневно, или вежбање дома. Ние дури и не се обидуваме да те убедиме да набавиш членска карта од фитнес клуб, бидејќи дури и минималната доза на вежби е ефективна. Ако сакаш повеќе – подобро за тебе! Целокупната физичка активност дава солидни резултати со употреба на кремот.

Анти-целулитна диета

Обрни внимание на исхраната. Осигурај се дека конзумираш состојки кои помагаат во борбата против целулитот. Твојата исхрана треба да вклучи производи богати со витамин Ц кои го подобруваат чистењето на организмот, влакна – кои потекнуваат од интегралниот леб, мешунките, брокула со липоична киселина која го спречува зацврстувањето на колагенот во кожата, цвекло со ликопен кој ја стимулира циркулацијата на крвта и ја спречува задршката на вода во организмот. Додади и жолчки од јајце и никулци од грав – вистинска витаминска бомба. Тие содржат A, B, C, D, E и K витамини, како и фолна киселина. Бананите, богат избор на калиум, ја помагаат циркулацијата, а аспарагусот и куркумата кои функционираат на сличен начин, се исто така добри за конзумирање.

Но пред сé – пиј многу течност. Правилната хидратација претставува ефективна битка со целулитот. Овојпат ќе успееш!