Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_skin_care

Кој го дизајнира твојот Avon мирис? Запознај се со светски познатите парфимеристи, чии креации ги носиш!

Можеш ли да замислиш како мириса комбинацијата од индиски јасмин и малина? Во каков сооднос треба да се комбинираат есенцијалните масла за да се добие заводливот парфем кој го носиш како втора кожа и кој го нагласува твојот шарм, грациозност, привлекува внимание и прави да изгледаш уште поубаво и посилно? Да, ова е уметност, тајни кои се едвај му познати на светот! Најпознатите од тие уметници работат за Avon!

Парфимерист – креатор и мајстор на занаетот

Парфимерист е специфична и многу тешка професија. Десетици илјади луѓе во светот работат на ова поле, а сепак само неколку од нив се навистина талентирани и создаваат парфеми за најдобрите брендови. Најголемиот дел од нив дизајнираат мирисни композиции за домашните хемиски индустрии.

Талентот не се состои само од ултра-чувствителното сетило за мирис, бидејќи тоа не е најважното нешто! Најдобрите “носеви” имаат совршено развиена мирисна имагинацијаи способност да предвидат колку точно есенцијални масла ќе мирисаат во одредената комбинација! Обиди се да размислиш за ова – замисли го мирисот на јаготките и комбинирај го со момина солза. Тешко, нели? Треба да поседувате мирисна меморија. Најквалификуваните луѓе може да запомнат до 3000 мириси. Парфимеристот од една страна е уметник со неверојатна имагинација, а од друга страна – техничар кој точно знае што и во кој сооднос треба да се комбинира за да се гарантира стабилноста на мирисот.

Најдобрите училишта за парфимеристи

Дали некој може да ја развие оваа вештина? Да, но мајсторството бара многу трпение и многу часови работа. Покрај тоа, мајсторите го штитат сопственото знаење и пристапот до него. Постојат само неколку школи за парфимеристи во Франција, Германија и САД, a регрутирањето се прави еднаш на неколку години, или останува недостижно за луѓе надвор од круговите кои се во тесна врска со индрустијата за парфеми. Училиштата најчесто се сместени во близина на центрите кои ги произведуваат состојките за парфемите, како што се Симриз во Холцминден, или Интитутот за парфимерија во Грас, Франција.

Грас е светски главен град на парфимеријата. Ова неверојатно француско село е сместено меѓу полиња со лаванда, сончогледи и грозје, и претставува лулка на креацијата на модерните парфеми. Најстарите производители на мириси во светот се сместени овде.

 

Славните парфимеристи кои работат со Avon

Грас е роден град на Оливие Кресп, апсолутната глобална ѕвезда во парфимеријата. Неговото семејство е дел од оваа професија со години! Тој ги усовршил неговите вештини во САД, во Biddle Sawyer корпорацијата во Њујорк. Тој работел за брендови како Dior, Mugler, Dolce&Gabbana, Armani, Rabanne, Versace. Тој, исто така, креира и за Avon, бидејќи, како што тврди “тоа е компанијата каде совршената релација со корисниците претставува клучот во лреирањето на парфемите”. Неговиот “нос” е одоговорен за, меѓу другото, мирисот на Today Tomorrow Always. Овој парфем извонредно ја нагласува женската убавина, шармирајќи со суптилност и непогрешлива сензуалност. Не е никакво изненадување, бидејќи оваа мајсторски креирана композиција содржи индиски јасмин, еден од најскапоцените цветови во целиот свет! Учителот Оливие исто така го создаде и Avon Rare Pearls, со кремасти ноти на магнолија и нежни дрвја. Кресп ги истражува овие видови на компоненти на начин што тој ги перцепира како чисти бои кои го инспирираат во неговата уметност.

Стефан Нилсен, кој започнал со креирање на вкусови, а дури подоцна се посветил на парфимеријата работејќи за една од најпрестижните парфимериски куќи во светот, а исто така работи и за најпознатите светски брендови. За Avon тој создаде величествена композиција на ориентално-овошно-цветни ноти. Неговата комбинација од сицилијанска мандарина, црн ирис и пачули е вткаена во Little Lace Dress, додека фасцинантната композиција од малина, нектар од слива, бугарска роза и јасмин со сандалово дрво ја формираат основата на Little Red Dress. Овие парфеми идеално одговараат на елегантните црвенокоси.

Уште еден добро познат дизајнер на парфеми, двојката Соња Констан и Жијом Флавињи, го открија фантастичниот микс на фрезија, круша и мошус во парфемот Perceive за Avon. Оваа двојка, по дипломирањето на престичниот француски ISIPCA во Версај, има добиено бројни награди. Соња е спонтана, додека Жијом непогрешливо создава историја од секоја креација. Тие работат индивидуално, но обајцата се полни со страст, a тоа е она што е карактеристично за нивните композиции – тие се енергични и сензуални.

Карлос Виналс го дизајнираше парфемот Avon Soft Musk. Неговата авантура со мирисите започнала уште во детството, инспириран од работата со парфеми на неговиот татко. Тој ги усовршил неговите вештини во Барселона, Париз и Грас. Во композицијата на Avon Musk тој ја комбинирал традиционалната парфимерија со најнапредните технологии. Добиениот мирис е сензуален, полн со изразена машкост, како и суптилност способна да ја маѓепса секоја жена.