Македонија
    |         |         |    
BSP_winter_hair_care

Каква ќе биде вашата 2016-та? Направете акциски план

Каква ќе биде вашата 2016-та? Овде започнете го новогодишниот акциски план!

Ако не можете да го одржите ветувањето да го исчистите електронското сандаче на крајот на секој ден, да појдете на фитнес секој ден или да го прескокнете кафето во корист на чајот, не сте единствени. Студиите покажуваат дека само 8% од луѓето се придржуваат кон своите Новогодишни одлуки на долгорочен план.

Добра вест: 1ви јануари не е единствениот ден за да завртите нов лист. Gretchen Rubin, авторката на Better Than Before и The Happiness Project, се залага за дефинирање на тема од еден збор за тековната година, отколку за потрадиционална одлука. Ставањето на позитивна мантра во погон, без оглед дали е истражувај, сонувај или импресионирај, го прави секој ден свеж нов почеток, отколку да составите сет од правила кои многу веројатно е дека нема да ги следите. Еве како да успеете да ја остварите целта.

Една тема може многу повеќе да одговара отколку класична одлука.

Темата од еден збор треба навистина да значи нешто што ги опфаќа вашите повисоки очекувања и големата идеја која сакате да ја реализирате во тек на годината,” вели Rubin. Нејзините тематски избори во минатото биле направи и пошироко. “Зависи од тоа што сакате. За мене, поголемо беше само да размислувам пошироко и да имам поширока визија со повеќе можности.”

Изберете го зборот кој одговара на вашиот план.

На пример страст. Секое утро, разбудете се и пронајдете нешто за што чувствувате страст, без оглед дали е хоби, вашата работа, животниот стил, или нешто што го правите за забава. Секој ден правете сѐ со страст. Некои велат дека тоа им го променило животот. Од друга страна, оваа година Rubin ја комбинира со фокус составен од два збора: разведри се. “Знам дека кога ќе се разведрам, кога ја гледам смешната страна и се потсетувам себеси да ги држам работите во перспектива, јас сум многу попријатна за дружење – со себе и со останатите луѓе,” вели таа. “Tоа е нешто на што постојано работам, но оваа година решив да го подигнам на ниво да биде моја комплетна тема.”

Ставете се во акција.

Иако размислувањето за тема за охрабрување е забавен, креативен начин кој помага да се придвижите, Rubin нагласува дека чинот на едноставен избор на зборот не е доволен – вие исто така морате да креирате реален план. “Како би го пресликале зборот во нешто што навистина би се случило?” прашува таа. На пример, темата авантура би можела да значи реализација на три патувања во текот на годината—затоа отворете го календарот и започнете да планирате. Темата забава може да значи создавање на клуб на читатели на книги или дегустација на различна кујна секоја недела. Најдобриот дел од изборот на тема наспроти носење одлука? Rubin сумира, “Вие тежнеете кон повисока, посреќна цел.”