Македонија
    |         |         |    

БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА ВО МАКЕДОНИЈА
AVON Македонија ја обележа „розовата“ есен со донација на својот долгогодишен партер, Невладината организација „Борка“. Со значителна финансиска помош од 25.000 долари, AVON останува константен поддржувач во борбата против ракот на дојка во Македонија.„Свесноста кај жените во однос на оваа болест е сè уште на елементарно ниво. Поради таа причина, едукацијата на жените, како и раната детекција се повеќе од потребни во сите клетки на општеството. Во оваа смисла, заедно со „Борка“ ја увидовме итноста од константна едукација, потсетувајќи и воведувајќи ги жените со проблемот Рак на дојка. Во изминативе 5 години ја делиме истата цел, истата приказна и истата визија секој ден“, рече Дана Стојкова, Маркетинг супервизор за AVON Македонија, Албанија и Бугарија.Помошта примарно ќе биде насочена на бесплатната СОС линија 0800 55 777 во период од една година. Исто така, финансиите донарани од AVON за 2011/2012 ќе бидат искористени за серија едукативни активности, како што е дистрибуција на информативни материјали, таргетирајќи ги локалните заедници, но и добро познатите фреквентни локации. Донацијата беше објавена на средба за медиумите која се одржа во Скопје на 31-ви октомври 2011 година, каде присуствуваа околу 30 релевантни медиумски претставници.На настанот „Борка“ ја изрази својата благодарност кон иницијативата на AVON.„Благодарение на оваа соработка СОС линијата за помош и поддршка на жени функцинира повеќе од 4 години. Сега ние ја продолжуваме соработката со AVON, заеднички фокусирајќи се на превенција, рана дијагностика и помош за жените кои страдаат од оваа смртна болест “, изјави Биба Додева, претседател на здружението „Борка“.

Инаку кампањата за борба против рак на дојка во Македонија за прв пат е лансирана во 2005 година. Од тогаш со помош на AVON се овозможени над 200 бесплатни прегледи за жените, донирани се 5 апарати, организирани 3 Национални конференции, лансирани две бесплатни линии за собирање донации, една СОС линија за помош и поддршка, дистрибуирани стотици илјади едукативни материјали, и донирани над 2.680.000 денари.